ИМА 16 ИСТРАГИ: Русите кои сексуално злоставувале цивили ќе одговараат
Во Украина се отворени кривични истраги за сексуално насилство кое го извршиле руски војници.
Полицијата примила околу 50 тужби и отвори 16 кривични истраги за наводи за сексуално насилство од страна на руски војници врз цивили. Ова го наведе денеска заменик-министерката за внатрешни работи на Украина, Катерина Павличенко.
Украина, нејзините меѓународни сојузници и Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации истражуваат потенцијални воени злосторства, вклучително и сексуално насилство. Москва цело време негира дека извршила воени злосторства и дека цели биле цивили. Се навршија 100 дена од почетокот на војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина го направи она што изгледаше невозможно и ја запре втората армија на светот. Досега тројца руски војници се осудени за воени злосторства над цивили во Украина.
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY
