Има 106 години, но го преживеа коронавирусот
Германка на возраст од 106 години оздравела иако била заразена од коронавирус.
Компанијата што управува со болницата во Ораниенбург ја објави оваа информација.
„Таа е ослободена од болницата во вторникот и е во многу добра состојба за нејзината возраст, па нејзиниот имунолошки систем успешно се избори со наша помош – рече главниот лекар Харалд Панвиќ, пренесува „ЦДМ“.
Ова не е прв ваков случај во светот.
Во Бразил старец на возраст над 100 години се избори со вирусот.
Дури и во Македонија имаше случај на жена која на 84 години го преживеа коронавирусот.
Слично
