Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМА 102 ГОДИНИ: Го преживеал шпанскиот грип, а сега ја победи короната

ИМА 102 ГОДИНИ: Го преживеал шпанскиот грип, а сега ја победи короната

Во време на пандемија кога луѓето се плашат од коронавирусот, Бразилец кој има 102 години го победи вирусот. 

Бразилецот како бебе го прележал шпанскиот грип, а стотина година подоцна и коронавирусот. 

Рајмундо Леонардо де Оливеира скоро оздраве откако беше заболел од Ковид -19. 

Тој како деветмесечно бебе го прележал шпанскиот грип. 

Бразилецот на 17-ти август е задржан на одделот за интензивна нега, а неговото семејство за бразилскиот портал G1 изјавило дека не бил интубиран, ниту бил ставен на респиратор. 

Сопругата на овој пензиониран земјоделец, 92-годишната Ниверсина Марија де Оливеира, се заразила со коронавирусот, поради што и таа извесно време минала во болница. Нејзиниот сопруг се разболел кога таа се вратила дома.

Де Оливеира се во брак 75 години и имале 14 деца, од кои девет сѐ уште се живи. Тие имаат и 22 внуци, 25 правнуци и две праправнучиња.

Слично

Поврзани вести