Економија, финансии, бизнис

Контакт

Има 101 година, земјотрес ја натера да го напушти селото

Има 101 година, земјотрес ја натера да го напушти селото

Ана Роко ди Паоло која има 101 година, поради земјотресот во Италија за прв пат мораше да го напушти планинското село каде живее. 

Таа е сместена во хотел на Јадранот на 80 км од нејзиното село Пиеве Торина. 

Селото има 1.500 жители и таму е забрането луѓето да се вратат по потресите кои деновиве ја погодија Италија. 

Оваа старица во количка и потполно глува со негувателката од Молдавија мораше да го напушти селото, при што весникот Кориер де ла сера пишува дека земјотресот ќе го обележи нејзиниот живот. 

Таа е родена во февруари 1915 година, кога имаше земјотрес од 7 степени во кој загинаа над 30.000 луѓе. 

Нејзините родители биле во колиба поради страв од земјотрес  и таму таа се родила. 

Поради земјотресот евакуирана е уште една жена на возраст од 102 години. 







Слично

Поврзани вести