Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ ВЕТИЛЕ ПАРИ И СТАН: Заробените милитанти на Хамас признаа зошто киднапирале и убивале цивили

ИМ ВЕТИЛЕ  ПАРИ И СТАН: Заробените милитанти на Хамас признаа зошто киднапирале и убивале цивили

Припадници на палестинската исламистичка група  Хамас признаа дека добивале награди за убивање и киднапирање цивили. 

Еден од мажите им рекол на инспекторите дека им било кажано „кој ќе врати заложник (во Газа), добива 10.000 долари и стан“.

Израелската Служба за безбедност и полиција Шин Бет објави снимка од испрашување на шест милитанти на Хамас заробени при нападот врз Израел на 7 октомври.

Сите добиле конкретни упатства да убиваат и киднапираат цивили, вклучително и постари лица, заедно со жени и деца, објави израелското разузнавање.

Хамас киднапираше не само израелски граѓани, туку и странци кои ги затекнаа на музички фестивал близу Појасот Газа. 

Има повеќе од 5.700 жртви во Газа од почетокот на конфликтот, а повеќе од 43 отсто од домовите се уништени Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска ги повика арапските, исламските земји и Обединетите нации да се обидат да го запрат нападот на Израел врз Газа

Слично

Поврзани вести