Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Финска старее, а бројот на слободни работни места е голем

ИМ ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Финска старее, а бројот на слободни работни места е голем

Работна сила им фали на Финците. Ќе имаат десетици слободни работни места. На Финска ѝ требаат 50.000 имигранти во следните 28 години. 

Технологијата, која e најважниот извозен сектор во Финска, ќе има потреба од 130.000 нови експерти во следнaта деценија, објави агенцијата „Ксинхуа“. Само половина од нив ќе ги заменат пензионерите. 

„Финска старее и се позадолжува, а економската одржливост се превртува наопаку“ – изјави претседателот на Асоцијацијата на технологии на Финска, пренесува „Бизнис-стандард“.

Единствената опција за нив е значително да се зголеми имиграцијата. Германија исто така има потреба од голем број работници. Им требаат занаетчии, но и медицински персонал. 

Слично

Поврзани вести