Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ СЕ ПОСМЕВААТ НА ХАРИ И МЕГАН?! Погледнете ја последната епизода на „The South Park“ и проценете (ВИДЕО)

ИМ СЕ ПОСМЕВААТ НА ХАРИ И МЕГАН?! Погледнете ја последната епизода на „The South Park“ и проценете (ВИДЕО)

Анимираната комедија за возрасни „The South Park“ емитуваше епизода во која се исмеваат со Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, пренесува британскиот таблоид Сан.

Во последната епизода, насловена „The Worldwide Privacy Tour“, неименуваниот црвенокос принц и неговата сопруга тргнуваат на турнеја за да ја промовираат книгата наречена „Waaaagh“.

Тие, исто така, беа прикажани како гостуваат во канадско ток-шоу, со натписи барајќи приватност, пред да му признаат на водителот дека се воодушевени што се на телевизија.


Меган вели дека книгата била нејзина идеја бидејќи кралското семејство е „глупаво“ како и печатот.

Епизодата завршува со парот што излегува од сетот, велејќи дека ќе најдат некаде мирно да живеат како нормални луѓе, пред да се качат на приватен авион.

Според таблоидот, на гледачите им се допаднала епизодата и ја опишале како „брутална“, додека еден корисник на Твитер напишал дека епизодата со Меган и Хари била „чисто злато“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести