ИМ ГИ КРШЕЛЕ ПРСТИТЕ И ГИ МАЧЕЛЕ СО ЕЛЕКТРОШОКОВИ: Русите се изживувале со цивили во Харков
Украинската полиција oбјави дека пронашла 25 логори за мачење во Харков.
Руската војска малтретирала цивили. Некои затвореници ги мачеле со електрошокови, а на некои им ги кршеле прстите.
„Руските војници заробувале и мачеле цивили во логори во нехумани услови“, напиша на Фејсбук во понеделникот началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко.
Русите од Харков се повлекоа дури во почетокот на септември, по украинската контраофанзива.
„Од септември досега во ослободеното подрачје се откриени 920 тела на цивили, меѓу кои и 25 деца. Тие се убиени од руски војници“, рече тој.
Руските војници извршиле воени злосторства и на други окупирани територии. Во киевското предградие Буча по повлекувањето на Русите се најдени телата на повеќе од 400 цивили. Се смета дека голем број цивили се убиени во градот Мариупол, но тој е под контрола на руските сили. Русија цело време негира дека нивни војници мачеле цивили. Претходно, украинската страна тврдеше дека во некои села руските сили ги закопувале украинските цивили и потоа ги задушувале со гас маски. Имаше обвинувања дека најмалото силувано девојче имало само 4 години. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
фото ЕПА
