Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМ БИЛО СТУДЕНО И НЕ САКАЛЕ ВО ДРВЕНИ КУЌИ: Мигранти одбиле да се симнат во Шведска!

ИМ БИЛО СТУДЕНО И НЕ САКАЛЕ ВО ДРВЕНИ КУЌИ: Мигранти одбиле да се симнат во Шведска!

Група емигранти одбивале да се симнат од автобус во Шведска, бидејќи надвор било студено и не им се допаѓале куќите за сместување. Мигрантите се жалат дека се испратени на ладно место, а дрвените куќи во Ломедсфорсен, недалеку од границата со Норвешка, биле многу оддалечени од градот, соопштија локалните власти.

60-те мигранти кои пристигнале со автобус во неделата вечерта во Ломедсфорсен мораа да бидат регистрирани и да поднесат барања за добивање азил. Тие одбија да се симнат од автобусот, кога разбраа дека куќите се во локалната шума. Мигрантите побарале да бидат сместени во некој голем шведски град или да бидат вратени назад во Германија.

Државната агенција за миграција во Стокхолм „Миграционсверкет“ соопшти дека ова е најдоброто место што може да се понуди за сместување, бидејќи земјата веќе има усвоено премногу мигранти. Во Шведска пристигнуваат над 10 000 мигранти секоја недела.

Слично

Поврзани вести