Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илон Маск: Пробни летови на Марс од наредната година

Илон Маск: Пробни летови на Марс од наредната година

Следната година може да бидат организирани пробни летови на Марс, тврди бизнисменот од Силиконската долина Илон Маск. 

Основачот на компанијата „Спејс Икс“ наведува дека неговата компанија веќе наредната година би можела да организира пробни летови со вселенскиот брод, пишува „Јаху“.

– Постои можност да се случи „уште едно мрачно доба“, особено ако избие Трета светска војна – рекол Маск.

Како што додава, неговата намера е да се увери дека постои таква можност да се зачува цивилизацијата и да се врати назад, а можеби и да се скрати „мрачното доба“.

– Мислам дека базите на Марс и Месечината, кои би можеле да помогнат во обновувањето на животот на Земјата, навистина би биле важни – истакнал тој.

Како што понатаму наведува, Маск смета дека вселенскиот брод би можел да врши „кратки летови“ најверојатно веќе во првата половина на наредната година.

Маск ракетата „фалкон хеви“ ја лансираше минатиот месец, најсилната која во моментот постои, а која во вселената го пратила автомобилот „тесла рудстер“ со боја на вишња.


Слично

Поврзани вести