Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛОН МАСК ПОВТОРНО ИМА КОВИД: Милијардерот претходно се сомневаше во тестовите

ИЛОН МАСК ПОВТОРНО ИМА КОВИД: Милијардерот претходно се сомневаше во тестовите

Илон Маск, извршниот директор на SpaceX и Tesla, денеска објави дека е повторно заразен со КОВИД-19, но дека „речиси нема никакви симптоми“. Технолошкиот милијардер беше заразен со вирусот и во ноември 2020 година кога ја доведе во прашање точноста на тестовите.

„Ковид-19 е вирусот на Тезеј.

Колку гени се менуваат пред да не е повеќе да не е Ковид-19?

Најверојатно повторно го имам но немам речиси никакви симптоми“, напиша тој на Твитер.



Маск во минатото се противеше на тоа вакцините против Ковид да бидат задолжителни и исто така покрена сомнеж во врска со потребата од втора доза вакцина против коронавирус.

Во интервју објавено од магазинот TIME во декември 2021 година, тој тврдеше дека тој и неговите деца се вакцинирани и дека „науката е недвосмислена“, но дека се противи на задолжителните вакцини.

Соочувајќи се со широки критики од научниците и експертите за создавање конфузија меѓу неговите масовни следбеници на социјалните мрежи, тој го разјасни својот став за вакцините во април минатата година. Тој напиша: „Да бидам јасен, јас ги поддржувам вакцините воопшто и вакцините против Ковид конкретно. Науката е недвосмислена. Во многу ретки случаи, има алергиска реакција, но тоа лесно се решава со EpiPen“.


Слично

Поврзани вести