Илон Маск покажа какви пиштоли поседува
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск откри дека на неговата ноќна маса има два пиштоли и неколку лименки Кока-Кола.
Маск утринава на Твитер објави фотографија од својата спална соба и откри дека на ноќната маса имало еден револвер кој личел на филмски реквизит, а другиот изгледа како пиштол од 19 век. Има и четири лименки диетална кока-кола и полупразно шише со вода.
„Мојата ноќна маса“, напиша тој.

Маск е актуелен во последно време поради отказите во неговата компанија Твитер. Претходно, тој даде предлог за ставање крај на војната во Украина, со што привлече внимание, но и бес.
Слично
