ИЛОН МАСК ПОБОГАТ ЗА СКОРО 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: На листата на Форбс сепак е трет
Кон крајот на
минатата недела богатството на светски познатиот иновастор и сопственик на компанијата „Тесла”,Илон Маск, се
зголеми за 9,9 милијарди долари, објави „Форбс”.
Според наводите на Форбс, зголемувањето се должи на растот на вредноста на акциите на неговата компанија, а во моментив вкупното богатство на Маск изнесува 165,9 милијарди долари, пто го прави трет најбогат човек на светот
-Акциите на Тесла се зголемија за 7,8 отсто на крајот на минатата недела, иако во петокот паднаа за 1,17 отсто. Според наводите, наглиот пораст на хартиите од вредност на компанијата е поврзан со општиот оптимизам на пазарот откако претседателот на државата и двопартиската група сенатори постигнаа првичен договор за „инфраструктурен пакет” од околу 1,2 трилиони долари, пипува „Форбс“.
