ИЛОН МАСК НЕГИРА ДЕКА МУ ДОНИРАЛ ВОЗИЛО НА КАДИРОВ: Чеченскиот лидер претходно се пофали
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, изјави дека не му донирал електричен „сајбертрак“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
„Дали сте сериозно толку ретардирани што мислите дека сум донирал сајбертрак на руски генерал? Неверојатно“, му одговори Маск на корисник на „Икс“ кој тврдел дека милијардерот „дава воени возила за американските санкционирани непријатели“.

„Сајбертракот“ на Тесла беше претставен во 2019 година, а пуштен во производство во 2023 година.
Кадиров викендов објави видео на кое седи зад воланот на „сајбертрак тесла“, со инсталиран митралез.
Слично
