Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илон Маск најави побрза работа на Твитер: „Воведени се значајни промени“

Илон Маск најави побрза работа на Твитер: „Воведени се значајни промени“

Американскиот претприемач и сопственик на „Твитер“ Илон Маск објави дека се направени промени на серверите со базата на податоци и дека ќе се забрза работата на мрежата.

„Направени се значителни промени во архитектурата на основните сервери. Твитер треба да биде побрз“, напиша Маск на оваа социјална мрежа.

Вчера беа забележани проблеми во работата на „Твитер“ и десетици илјади корисници ширум светот не можеа да пристапат до популарната медиумска платформа или да ги користат нејзините клучни елементи.

По пауза од неколку часа, мрежата повторно стана достапна, објави Ројтерс.


Фото: unsplash

Слично

Поврзани вести