Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илон Маск купи билет за лет во вселената од ривалот Риџард Бренсон : Колку искешира?

Илон Маск купи билет за лет во вселената од ривалот Риџард Бренсон : Колку искешира?

Првиот човек на Тесла, Илон Маск купил билет за патување во вселената во вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди Сандеј Тајмс, пренесува ДПА

Додека Бренсон се подготвуваше за првиот лет на Вирџин Галактик од Нов Мексико денеска, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка фирма Спејс Икс, обезбедил место на едно од патувањата на компанијата на Бренсон.

Маск платил депозит од 10.000 долари за да го обезбеди местото и не бил даден датум на патување.

Брансон ја потврди информацијата во интервју за „Сандеј тајмс“, додавајќи дека може да му возврати со тоа што ќе купи билет на патувањето на Спејс Икс.

„Елон е пријател и можеби еден ден ќе патувам со едно од неговите вселенски бродови“, рече тој.

Како дел од вселенската трка на милијардерите, SpaceX лансираше десетици ракети, вклучително и летови со екипаж, но самиот Маск сè уште нема да лета на ниеден.

Компанијата треба да го организира својот прв целосно приватен лет во вселената наесен.

Бренсон ќе стане првиот сопственик-астронаут кој учествувал во мисијата, победувајќи го основачот на Амазон, Џеф Безос, кој планира да патува во вселената за девет дена со својата ракета „Блу ориџин“.

Туристите ќе платат околу 250.000 долари за вселенски лет до Вирџин Галактика, што вклучува четири минути бестежинска состојба.

Следете го во живо летот на Бренсон овде 


Слично

Поврзани вести