ИЛОН МАСК: Доцнењето во ланецот на снабдување ги зголеми цените на возилата на Тесла
Цените на Тесла возилата растат поради застој во ланецот на снабдување во автомобилската индустрија, особено суровините, напиша извршниот директор на Тесла Илон Маск на Твитер.
„Цените растат поради големиот притисок врз цените во ланецот на снабдување и целата индустрија, посебно суровините“, напиша Маск во одговор на порака која се однесува на порастот на цените на воизлата на Твитер.
Во мај Тесла го зголеми цените на модел 3 и модел Y. Тоа е петто покачување на цените во само неколку месеци, извести интернет страницата „Electrek“.
Во април Маск изјави дека Тесла ги доживува „некои од најтешките предизвици во ланецот на снабдување“, наведувајќи го недостатокот на чипови како причина. Тогаш тој изјавил дека проблемот е главно решен.
