Илон Маск даде предлог како Кина и Тајван да го надминат спорот, веднаш стигнаа реакции
Tензиите меѓу Кина и Тајван може да се решат со тоа што на Пекинг ќе му се даде одредена контрола над Тајван. Ова е предлог на милијардерот Илон Маск, на што тајванските власти одговорија дека Маск треба да ангажира сериозен советник.
„Мојот предлог би бил да се излезе со посебна административна зона за Тајван, што веројатно нема да ги израдува сите“, рече тој во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Маск го изјави ова како одговор на прашањата за Кина, каде што неговата компанија Тесла Моторс, која произведува електрични автомобили, работи со голема фабрика.
Кина го гледа Тајван како една од нејзините провинции, а Пекинг претходно вети дека ќе го врати островот под кинеска контрола. Тие не исклучуваат и употреба на сила.
Владата на Тајван се противи на тврдењата на Кина и вели дека само 23 милиони жители на островот можат да одлучат за нивната иднина.
Маска даде предлог како Украина и Русија да постигнат мир, со тоа што Крим ќе остане на Русија, во окупираните територии ќе се повторат референдумите да се види волјата на народот, а Украина да се откаже од влез во НАТО. Но, Украинците бурно реагираа и нив не им се допадна предлогот на Маск.