ИЛОН МАСК: Aко убиете нечие дете во Газа, ќе направите барем неколку членови на Хамас кои ќе умрат само за да убијат Израелец
Прашањето е, за секој член на Хамас што ќе го убиете, колку ќе создадете, вели милијардерот Илон Маск.
Тој додаде дека би било соодветно Израел да ги пронајде членовите на Хамас и „или да ги убие или да ги затвори“. Маск повика на хуманитарна помош во Газа.
„Ако повеќе создаваш отколку што убиваш, тогаш не си успеал. Со сигурност може да се каже дека, ако убиете нечие дете во Газа, ќе направите барем неколку членови на Хамас кои ќе умрат само за да убијат Израелец“, истакнува Маск.
Верува дека целта на Хамас беше да предизвика претерана реакција од Израел.
„Тие (Хамас) не очекуваа воена победа. Тие навистина сакаа да извршат најлоши злосторства што можат за да предизвикаат најагресивен можен одговор од Израел и да го искористат тој одговор за да ги соберат муслиманите ширум светот за Газа и за палестинската кауза“, рече Маск.
На 7 октомври Хамас изврши напад на Израел и уби над 1.400 луѓе од кои најголем дел беа цивили. Во израелската операција на Газа загинаа над 10.800 Палестинци.
