Илјадници патници ноќеваa во возовите во Франција
Околу 7.000 патници на железничката линија Париз-Бордо беа принудени да ја поминат ноќта во петок кон сабота во вагоните на возовите или станиците поради компјутерски проблеми.
Сигнализацијата за пренасочување на возовите е излезена од системот и тие не можеле да поминат низ соодветната зона, соопшти Филип Моли, вработен во железничкото управување.
„Овој дефект е феномен за железницата на земјата“, додава Моли.
Поради инцидентот 3 брзи воза биле откажани, а уште 13 требало да го чекаат обновувањето на сообраќајот на станиците или во етапата помеѓу нив.
Во саботата наутро движењето било нормализирано, а железничките оператори им предложија на патниците да го обноват своето патување или да добијат компензација, која одговара на вредноста на нивните билети.
