Илјадници туристи останаа „заглавени“ на Карибите - причина се настаните во Венецуела
Илјадници туристи беа „заробени“ на Карибите откако Соединетите Американски Држави(САД) спроведоа воена операција што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, објави „Дејли меил“.
Летовите до и од 19 карипски острови беа суспендирани, вклучувајќи ги и популарните дестинации како што се Сент Томас, Аруба и Порторико.
Американските туристи дознаа дека нивните летови се откажани поради затворањето на воздушниот простор околу Венецуела, а многумина не го поврзаа откажувањето на летовите со операцијата што доведе до апсењето на Мадуро.
foto Wikipedia/Exceptionalimages
Слично
