Илјадници на протест за поддршка на бегалците во Лондон
Во демонстрациите учество зеле пратеници и познати личности.
Илјадници луѓе учествуваа во марш за поддршка на бегалците во британската престолнина Лондон.
Тие побараа Владата да го направи потребното за решавање на бегалската криза, пренесе Al Araby.
Во демонстрациите учество зеле пратеници, познати личности, претставници на организации како Amnesty International, Oxfam , „Лекари без граници" и други. Организатори се „Солидарност со бегалците". Во следната недела ОН ќе одржи состанок за ова прашање и учесниците се надеваат дека британската премиерка, Тереза Меј ќе бара вистински хуман начин за справување со проблемот. Имаше транспаренти против депортација на луѓе и поддршка на странците.
Слично
