Илјадници луѓе протестираа во Москва поради одбивање на кандидатури за изборите
Изборната комисија минатата недела ги отфрли потписите на граѓаните кои ги собраа овие кандидати за да можат да учествуваат на септемвриските избори за московското собрание.
Речиси 12.000 лица протестираа во Москва поради одлуката на изборната комисија на тој град да не ја прифати кандидатурата на неколку опозициски личности на локалните избори ва главниот град на Русија.
Најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални на собирот изјави дека ако на овие кандидати не им се дозволи да се пријават за изборите следната сабота, ќе повикаат на протести во канцеларијата на градоначалникот на Москва и додаде дека демонстрантите нема да заминат од таму.
Московската полиција објави дека протестите биле одобрени, а немало извештаи за апсења.
