Илјадници американски ракети стигнаа во рацете на Украинците
Во Украина пристигнаа илјадници американски ракети.
Станува збор за 1.400 рачни противвоздушни ракети од типот Singer и 6.500 рачни противоклопни ракети од типот Javelin, објави претеедателката на украинската партија Голос, Кира Рудик. САД неодамна најавија дека на Украина ќе и испорачаат нов пакет воена помош вреден милијарда долари. Украина бараше тешко оружје со цел да се спротивстави на руските сили. Украинските власти кажаа дека половина од своето оружје веќе го потрошиле, а од странските земји задоволуваат 15 отсто од потребите. Денеска е 116-ти ден од почетокот на војната во Украина.
Слично
