Илјада адвокати со писмо до Камерон за Брегзит
Над 1.000 британски адвокати ставија потписи на писмото упатено до премиерот во оставка, Дејвид Камерон.
Пишуваат дека резултатите од референдумот за напуштање на ЕУ се само препорака, но не се правно обврзувачки за властите за следење.
Брегзит не е гарантиран, сметаат адвокатите. Упатувањето на писмото следи неколку часа по изјавата на германската канцеларка, Ангела Меркел дека Велика Британија веќе нема друг избор освен да ја напушти ЕУ.
Адвокатите сепак советуваат Владата внимателно да размисли дали воопшто да ја продолжи иницијативата за напуштање на заедницата.
Правниците велат дека е редно Владата да ги оцени придобивките од напуштањето на унијата, пред да преземе вистински мерки за излегување од ЕУ.
Претставниците во Собранието се избрани за да го обезбедат суверенитетот на нашата земја, да бидат чувари на демократијата и да ги заштитат интересите на државата, исполнувајќи ја волјата на народот, кога таа е во негов интерес, посочуваат правниците.
