Економија, финансии, бизнис

Контакт

Или да примат вакцина или ќе добијат отказ

Или да примат вакцина или ќе добијат отказ

Во Ерменија оние кои нема да се вакцинираат против коронавирусот, ќе останат без работа. 

Парламентот на Ерменија вчера усвои закон кој ќе им овозможи на работодавците да ги отпуштаат работниците кои ќе одбијат да пoкажат доказ за вакцинација против коронавирусот или негативен резултат на тест. Но, ова не се однесува на претседателот на државата, премиерот, членовите на парламентот, омбудсманот, судиите на уставниот суд и бројни други функционери. Ерменија почна кампања на масовна вакцинација во април, а властите планираа да вакцинираат 700.000 од 2,9 милиони жители до крајот на годината. Сепак,  до 6 декември целосно имунизирани се 516.989 граѓани.

Во Ерменија од коронавирусот починаа над 7.700 луѓе. 

И во Европа земјите наложуваат да се вакцинираат одредени категории на луѓе, дали се тоа здравствените работници или постарите од 60 години. Некои држави воведуваат и парична стимулација. Таков е примерот со Словачка. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести