„Икеа“ за една година, забележа раст на продажбата од 3,1 отсто
Продажбата на шведскиот гигант за мебел „Икеа“, во периодот од септември 2012 до август 2013 година, споредено со претходниот едногодишен период, порасна за 3,1 отсто, на вкупно 27,9 милијарди евра.
Порастот на продажбата, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, во добар дел е резулатат на зголемениот број трговски центри на „Икеа“ во разни земји.
Продажбата, мерена во споредливи трговски центри на „Икеа“, пораснала за 1,8 проценти. Продажбата бележи најголем пораст на пазарите во Русија и Кина.
Слично
