Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА ПРЕДУПРЕДУВА: Не јадете ги нашите чоколади!

ИКЕА ПРЕДУПРЕДУВА: Не јадете ги нашите чоколади!

ИКЕА сака да ги извести сите кои купиле еден или повеќе производи од чоколада како тие не се соодветни за лица алергични или чуствителни на лешници или бадеми.

Поради тоа компанијата ги повлекува.

Икеа го проширува повлекувањето на чоколади на шест додатни свои чоколади кои не се соодветни за лица алергични или чуствителни на лешници или бадеми. Безбедноста е највисок приоритет за компанијата и затоа глобалното повлекување се однесува на сите зафатени производи со било кој датум на рок на траење.

Присутноста на лешник и бадем е утврдена почесто, а не повремено, што укажува на фактот дека наведените производи од чоколада не се соодветни за конзумација за лица алергични или чуствителни на тие алергии. Информациите за производот не ја наведуваат честата присутност доволно јасно со оглед дека на декларацијата пишува „може да содржи“...

Постои можност да информациите за производи на декларацијата наведат на погрешен заклучок поради што тоа може да биде интерпретирано како неусогласеност со законодавствата на одредени пазари.

Врз основа на високиот стандард на безбедност и квалитет на компанијата, одлучивме да ги повлечеме зафатените производи на глобално ниво, независно од разликата во законодавствата на нашиот пазар.

Производите се сигурни за сите оние кои не се алергични или чуствителни на бадеми и лешници. Загрижените купувачи производите може да ги вратат во најблиската продавница со целосно враќање на парите.

Слично

Поврзани вести