Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА повлекува детски креветчиња од 17 земји, има проблем со безбедноста

ИКЕА повлекува детски креветчиња од 17 земји, има проблем со безбедноста
Неколку илјади детски креветчиња Икеа повлекува од пазарот поради грешка во дизајнот што може да доведе до повреда на децата. Се повлекуваат неколку серии од овие креветчиња во 17 земји, јавија европските агенции. Шведски синџир за производство и продажба на мебел, Икеа ги повлекува од пазарот поради грешка која може да доведе до пукање на металните прачки и откривање на острите рабови на креветчето. Ваквата одлуката дошла откако се документирани седум случаи на пукнати шипки , но досега нема забележано дека некој се повредил. Со повлекувањето се опфатени креветчињата „kritter" и „sniglar", а од купувашите е побарано да го проверат задолжително датумот на производство на дното на креветот. Спорните креветчиња „kritter" се нумерирани од 1114-1322, а "sniglar" од 1114-1318. На купувачите кои имаат од овие парчиња мебел им е понудено да им се поправат во Икеа или пак да им се вратат парите.  
Слично

Поврзани вести