Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИКЕА има нов проблем: Враќаат пари и без фискална сметка

ИКЕА има нов проблем: Враќаат пари и без фискална сметка

Шведскиот произведувач на мебел Икеа одлучил да повлече столици за плажа по добивањето на извештајот дека може да се скршат и да предизвикаат проблеми како приклештување на прстите.

Икеа ги повикала купувачите до 31 јануари да ги вратат сите модели на „мисинго“ (Mysingso) столиците за плажа, за надомест на пари, дури и доколку немаат сметка.

Шведската фирма се одлучила на повлекување на столиците после приемот на пет извештаи за повреди предизвикани од скршени столици во Финска, Германија, САД, Данска и Австралија.

Икеа е водечки светски произведувач на мебел и има повеќе од 300 продавници во 27 земји.

Слично

Поврзани вести