Икеа и Мериот oсноваат заеднички хотелски ланец
Америкснакиот хотелиерски ланец Мериот ќе се здружи со шведската компанија Икеа и ќе основаат заедничка хотелска групација во Европа со име Мокси хотелс.
Како што пренесуваат американските медиуми, новиот ланец на хотели ќе биде со три звезди, кои ќе имаат пристапни цени.
Планирано да бидат изградени 150 хотели во 10 европски градови воГерманија, Австрија, Белгија, Италија, Норвешка, Шведска, Данска, Холандија и Велика Британија.
Според соопштението од хотелската групација се очекува првиот хотел да биде отворен во почетокот на 2014 година во Милано. Првите 50 хотели би требало да бидат отворени во наредните пет години.
Слично
