ИГРИТЕ ЗАВРШИЈА, СЕГА СИТЕ СТЕ ВОЈНИЦИ, НЕМОЈТЕ ДА ВРЕСКАТЕ КАКО ЖЕНИ - мобилизацијата во Русија нималку не е наивна
Сега сте во војска. Тоа е тоа, игрите завршија. Сега сите сте војници!, додава човекот, додека се гледаат насобраните мажи кои гласно го изразуваат незадоволството. Регрутот им вели на луѓето дека ќе добијат плати исти како професионалните војници и дека нивните работни места ќе ги чекаат кога ќе се вратат од фронтот.
„За што по ѓаволите врескате како жени? Затворете ја устата и однесувајте се соодветно, зошто сите врескате?“.
Вака вели човек во униформа кон толпата која треба да биде мобилизирана во регрутен центар. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Новинарот Патрик Ривел од Еј-Би-Си Њуз го сподели на Твитер.
– Сега сте во војска. Тоа е тоа, игрите завршија. Сега сите сте војници! – додава човекот, додека се гледаат насобраните мажи кои гласно го изразуваат незадоволството.
Слично
