Игра на Судбината: Фудбалски тим во последен момент го избегнал кобниот лет
Целиот свет вчера го заобиколи инфорамацијата дека патничкиот авион „erbas A320“ со 150 патници паднал на Алпите на југот од Франција. Преживеани нема, а во голем шок биле и фудбалерите од шветскиот тим „Dalkurd“, кои во последен момент го откажале летот со авионот на „Germanwings“.
Фудбалерите веќе имале карти за овој лет од Барселона до Дизелдорф, но ги промениле во последен момент, бидејќи сфатиле дека долго ќе го чекаат новит пат до нивната цел.
Кога стигнале во Цирих и Минхен со одвоени летови, тогаш слушнале што се случило со тој лет и биле шокирани.
„Прво поминавме некое време во обид да ги смириме нашите најблиски, кои беа преплашени. Потоа и самите бевме многу тажни мислејќи на тоа колкави се размерите на трагедијата, како им е на роднините и пријателите на настраданите. Не можеме да замислиме, туку само да им упатиме зборови со сочуство. Бидете силни, сите со мислите сме со вас“, изјавил голманот Франк Петерсон.
„Dalkurd“ во 2004 година го основале курдиските имигранти, а екипата во Барселона престојувала на седумдневниот тренинг камп. После тоа, поделена е во три групи, една во Шведска пристигнала преку Минхен, две преку Цирих.
„Оваа е надреално, бевме на „чекирање“ со сите тие луѓе, четири лета во кратка временска разлика, а ние на три. Имавме многу среќа. Сепак сите сме во шок, бидејќи сите поминавме низ истиот влез на „Луфтханза“, сите тие луѓе беа околу нас, а сега повеќе ги нема“, додал директорот на „Dalkurd“ Адил Кизил.


