Ifo: Бегалците ќе ја чинат најмалку 10 милијарди евра Германија
Со седиште во Минхен, институт за економски истражувања „Ifo“ очекува трошоците на Германија за бегалците да достигнат барем 10 милијарди евра. База за пресметките е прогнозата на Сојузното министерство за внатрешни работи за 800 000 баратели на азил во тековната година. При пресметките сепак не се земат предвид ниту последователното собирање на семејствата, ниту обуката на бегалците.
„Лицата кои бараат азил, се лошо подготвени за германскиот пазар на труд“, се вели во извештајот на „Ifo“. Уделот на неписменост е висок. Уделот на дипломирани дури во Сирија, која се смета за најразвиена меѓу земјите од кои во моментов бегаат луѓето, изнесува само шест отсто, а еквивалентноста на дипломите со оние на германските дипломирани во многу случаи не постои. На овој начин „Ifo“ доаѓа до истата оценка, каква што ја направи и Баварскиот министер за економија Илзе Аигнер која се сомнева во брзата интеграција на бегалците на германскиот пазар на труд.
„Приказната за доброто образованите на бегалци не е точно“, изјави неодамна Аигнер.
„Ifo“ оди уште понапред и размислува за реструктуирање на некои регулативи на пазарот на трудот, како на пример воведениот неодамна минимален час на плаќање. „Може да се плашиме дека многу од нив нема да најдат работа за минимално плаќање од 8,50 евра, бидејќи продуктивноста им е ниска“, појаснуваат економистите. „Затоа можеби треба да се размисли за генерално намалување на минималната стапка, за да не настане дополнителна невработеност“. Во меѓувреме и федералното Министерство за труд очекува поради бегалската растечка невработеност во наредните години.
Општо земено минхенскиот институт предупредува да нема подобрување за придонесот на бегалците за германската економија. „На пазарот на трудот навистина ќе има предности, но тие ќе бидат предизвикани од повисоката невработеност и нето трансфер на имигранти“.
Повеќе од овој начин сепак „Ifo“ се изјаснува доста песимистички од други економски тинк-тенкови, како што се Институтот за економски истражувања „DIW“ или најблиската организација до работодавачи Институт на германската економија, кои гледаат барем долгорочно сериозни аргументи за конјуктура на земјата. „DIW“ очекува дека придонесот на имигрантите за бруто домашниот производ на земјата во 2016 година ќе биде околу ¼ процентен поен.
Во меѓувреме, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека нејзината земја не може да е засолниште на оние кои се селат само од економски причини. „Германија сака да помогне. Но, тоа не е предизвик само за Германија, тоа е за цела Европа“, изјавила Меркел на синдикално собирање во Лајпциг. „Европа треба да дејствува заедно и да ја преземе одговорноста. Германија не може да е рамо до рамо сама во оваа задача“.
Претходно минатата недела Ангела Меркел ги повика компаниите да придонесат за интеграција на бегалците во земјата и општеството.
„Интеграцијата на луѓето е долгорочна, предизвикувачка задача“, изјавила Меркел во четвртокот за време на отворањето на Меѓународниот автосаем (IAA) во Франкфурт, цитирана од светските агенции.
