Иднината на Русија зависи од овие земји
Рускиот претседател, Владимир Путин игра игри со САД и Европа и се обидува да го задржи својот чуден сојуз со Сирија и Иран, но не треба да ги заборавиме другите земји кои имаат непосредно влијание врз иднината на Русија.
Вниманието треба да се посвети на овие пет држави, пишува во својата анализа „Time“.
Турција
Русија и Турција се управувани од исклучително „колоритни“ лидери, а и двете земји се главни актери во драмата, која сега се е распореди во Сирија. Во ноември 2015 година турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион, кој го нарушил воздушниот простор на Турција.
Во одговор Русија наложи трговски санкции, но земјите доволно брзо ги решија несогласувањата, откако претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се извини за инцидентот. Околу една година подоцна во Анкара поранешен офицер на турската полиција го застрела рускиот амбасадор.
Кина
Русија се надеваше дека нејзиното вртење кон Исток, кон Кина, ќе и овозможи да ги компензира инвестициите и трговските врски со Западот, од кои таа се лиши по почетокот на украинската криза во 2014 година. Според некои проценки санкциите наметнати од САД и ЕУ, и внесените од Русија контрасанкции само во првата година го чинат нејзиниот БДП 1-1,5%. Според прогнози на ММФ во среднорочна перспектива може да изгуби околу 9%.
И иако Кина всушност се согласи да финансира некои руски проекти (во првите шест месеци од 2016 година стапката на кинеските инвестиции се зголеми за 172%), тоа се покажа недоволно да ги компензира загубите во растот и финансирањето, испровоцирани од санкциите на Западот. Ситуацијата се влошува со фактот дека Кина така и не ја призна легитимноста на анексијата на Крим од Москва, на што Русија се потпираше.
Саудиска Арабија
Во Сирија, Русија покажа дека е подготвена да интервенира таму каде што САД не смеат да интервенираат. Тоа го прави Русија главен играч во овој регион, поважен отколку што би ја спречиле нејзината економска и воена моќ (Русија зазема 12 место меѓу најголемите економии во светот, и, иако по трошоци за нејзините вооружени сили таа го зазема третото место, нејзиниот воен буџет е едвај една десетина од воениот буџет на САД).
Јапонија
Русија веќе многу години се занимава со зајакнување на врските со Јапонија – делумно за да ги зајакне своите позиции во односите со Кина, делумно со надеж дека јапонските инвестиции во Русија ќе го забрзаат влезот и имплементирање на јапонските технологии и искуство во руската индустрија. Иако тоа веќе се случува во некои области (особено во енергетскиот сектор и во автомобилската индустрија), обемот на овие процеси и не го достигнаа нивото на кое Кремљ се надеваше.
Венецуела
Венецуела минува низ многу тежок период, а нејзините граѓани секој ден излегуваат на улиците за да протестираат против владата на Николас Мадуро и отсуството на основните прехранбени производи и лекови. Земјата поседува едни од најголемите наоѓалишта на нафта во светот, и тоа може да биде наречено несреќа за еден од поранешните центри на моќта во Латинска Америка.
