ИДНИНА: Ви треба кредит? Само да провериме нешто на Фејсбук!
Експертот за финансиска технологија Џи Фернандо предвидува дека во не толку далечна иднина би можеле да се случат важни промени во банкарскиот сектор.
Тој тврди дека наскоро сите своите сметки во продавниците, наместо со картичка, ќе ги плаќаме со отпечаток на прстите или со скенирање на мрежницата на окото.
Но, освен ова предвидување кое сега наликува на научна фантастика, Фернандо очекува во иднина нашата кредитна способност да се одредува од социјалните мрежи, пишува Дејли Мејл.
Со оглед на тоа што се помалку луѓе немаат профили на социјалните мрежи, банките наскоро би можеле од своите клиенти да побараат пристап до нивните профили за да ги испитаат нивните потрошувачки навики, но и нивната кредитоспособност врз основа на нивниот имиџ на овие мрежи.
„Вашето друштво ве дефинира. Колку повеќе информации ќе и дадете на банката, толку повеќе производи ќе ви бидат достапни“, вели Фернандо.
Слично
