Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната премиерка на Италија го мрази Тито: Убиваше Италијанци

Идната премиерка на Италија го мрази Тито: Убиваше Италијанци

Идната италијанска Џорџа Мелони во февруари годинава напишала статус во кој бара да му се одземе орденот со кој поранешниот југословенсмки лидер Јосип Броз Тито бил одликуван од Италија.

„Апсурдно е да се почитува некој кој е одговорен за колењето на Италијанците. Браќа на Италија одамна изнесоа предлог-закон за ставање крај на овој срам. Жртвите и нивните најблиски заслужуваат почит и правда: веднаш повлечете го Орденот на Италијанската Република за Маршал Тито“, напиша таа во февруари годинава на својот Фејсбук профил.

Триумфот на Џорџа Мелони како прва жена што предводи победничка партија ја донесе екстремната десница во европскиот мејнстрим. Излезните анкети веќе ја означуваат Мелони како јасна победничка на изборите, иако изгледот на новата италијанска влада би можел да биде познат веќе наредниот месец. Извесно е дека новата владејачка коалиција ќе биде предводена од партијата на Мелони, „Браќа на Италија“ заедно со „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Таа порано коментирала дека Хрватска не треба да биде примена во ЕУ додека не ги врати деловите кои „и припаѓаат на Италија“.


Слично

Поврзани вести