Идната недела Г20 ќе ги одобрат правилата за финансиска стабилност на банкарскиот сектор
Идната недела лидерите на Групата Г-20 ќе се сретнат во Русија за да ги одобрaт правилата за финансиска стабилност на банкарскиот сектор.
Над 60 илјади милијарди долари во банкарскиот сектор ќе мора да се исконтролираат со првата група на правила кои ќе се применуваат од 2015 година
Реформите вклучуваат супервизија на собирање детални податоци за различни делови на сектори за идентификација на ризиците.
Ова особено е важно по недостатоците откриени по финансиска криза што резултираше со појава на масовно кредитирање на субјекти на кои потоа им беше потребно јавноспасување. Правила се дизајнирани да спречат прекумерни ризици. И националните регулатори со овие правила ќе имаат можност да ограничуваат за тоа кој и колку пари ќе може да повлече да се намали ризикот од дестабилизација на пазарот на капитал, нешто што се случуваше за време на кризата во САД.
