Идентификувани уште двајца напаѓачи: Напаѓачот кој поминал низ Опатовац е парискиот бомбаш!
Истражувачите идентификувале уште двајца напаѓачи самоубијци одговорни за атентатите извршени во Париз, од кои еден со сиријски пасош ја поминал контролата на границата во Грција во окомври, објавија денеска париски обвинители.
Другиот Samy Amimour, французин на возраст од 28 години е роден во париското предградие и е познат по антитерористички дела од 2012 година. За него, од 2013 е распишана меѓународна потреница, рекол Франсоа Молин.
Досега како веројатни напаѓачи се идентификувани Brahim Abdeslam (31) кој загинал во близина на концертната сала „Батаклан“ и Omar Ismail Mostefai кој е пронајден во салата. Bilal Hadfi (20) е напаѓач кој е пронајден во близина на стадионот.
За Salah Abdeslam (26) е покрената интензивна потрага.
Француската полиција вели дека е можно осмиот напаѓач да отпатувал во Шпанија.
Тој според разузнавачки податоци е роден во Брисел и има француско државјанство. Според новинските агенции тој,после нападите во Париз со автомобил преминал во Белгија во саботата рано наутро но и покрај зголемената контрола на границата не е задржан бидејќи неговото име не е забележано на пописот радикални исламисти. Според француски Ле Монд полицијата дури го запрела неговото возило во кое биле уште две лица,но ги пуштила.
