ИДЕНТИФИКУВАНИ СЕ СИТЕ ЖРТВИ ОД АВТОБУСОТ ВО ИТАЛИЈА: Меѓу нив е и една млада трудница од Сплит
Италијанските
власти потврдија дека се идентификувани сите загинати патници во автобуската
несреќа кај Венеција. Во автобусот имало и двајца Хрвати. Марко Баковиќ,
24-годишниот фудбалер од Сплит, кој е тешко повреден, моментално е на
интензивното одделение во болницата Местре, додека во несреќата загинала
неговата сопруга, 24-годишната Антонела. Девојката била бремена, а парот
неодамна се венчал и бил на меден месец во Италија.
Префектот на Венеција, Микеле ди Бари, објави дека се идентификувани сите жртви во автобуската несреќа. Загинаа 9 Украинци, 4 Романци, 3 Германци, Италијанец (возачот на автобусот), Хрват, двајца Португалци и едно лице од Јужна Африка, јавува Скај.
Во оваа тешка сообраќајна несреќа најмалку 21 лице загина, а дваесетина се повредени откако автобусот со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција и се запалил. Во автобусот имало 39 лица.
Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост. Причината за несреќата се уште не е утврдена.
Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило завчера околу 19:45 часот.
