Идентификуван е и втор напаѓач од Тексас
Вториот напаѓач од нападот во Гарланд, Тексас, е идентификуван како сопственик на мал бизнис од Феникс, кој предходно не и бил познат на полицијата, објавија светските новински агенции.
Претходно Федералното биро за истраги (ФБИ) го идентификуваше првиот напаѓач како Елтон Симпсон од државата Аризона. Двајцата беа застрелани од полицијата, тие успеале да повредат еден телохранител. Инцидентот се случи за време на изложбата на карикатури на пророкот Мухамед на паркингот пред зградата.
Вториот напаѓач, цимер на Симпсон, е идентификуван како Надир Сууфи, 34 години.
Сууфи не бил на повидок на ФБИ, како што тврдат самите тие. Според „Фејсбук“ страницата на Сууфи тој посетувал Меѓународното училиште во Исламабад, Пакистан, каде дипломирал во 1998 година. Тој исто така студирал на Универзитетот во Јута во периодот меѓу 1998 и 2003 година и учел медицина, но го прекинал своето школување пред да го заврши, соопштува „Вашингтон пост“.
Тој бил сопственик на фирма за чистење на теписи во Феникс, Аризона.
Потсетуваме дека ФБИ објави дека Елтон Симпсон пред тоа бил под истрага за тероризам.
Се смета дека Симпсон испратил неколку пораки на „Твитер“ во неделата. Користени се зборовите #TexasAttack околу половина час пред нападаот.
Пред 5 години 30-годишниот Симпсон бил осуден откако ги лажел федералните агенти за нековите планови да патува во Африка, но судот одлучил дека не е докажано дека тој поврзан со терористичка организација. Тој бил осуден на три години условна казна.
