Идентификацијата на жртвите на катастрофата во Алпите ќе трае со месеци
Семејствата на жртвите од авионската несреќа во Француските Алпи ќе мора да почека до четири месеци за идентификување на телата.
Шефот на Институтот за криминални истраги во француската национална жандармерија соопшти дека идентификацијата на жртвите со ДНК анализи ќе трае меѓу два и четири месеци, објави германското издание Билд.
Директорот на институтот Франсоа Даус рече: „Во зависност од количината пронајдени човечки остатоци периодот може да варира од најмалку два до четири месеци. Подобро е да работиме со ритамот на науката отколку да избрзаме и да се судриме со ризикот од грешки при идентификацијата“.
Тој, сепак, додаде дека властите не можат да гарантираат дека сите жртви ќе бидат препознаени.
Слично
