Идејата за создавање на Европска армија доби поддршка од Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува новата иницијатива за создавање на европска армија, во светло на тензијата во односите со Русија.
Портпаролот на германската влада Кристијан Вурц изјавил дека Меркел е за „длабока воена соработка во Европ“.
Меѓутоа, тој инсистирал дека Берлин смета дека предлогот, кој во текот на викендот го изнел претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, „е иден проект и без конкретни планови за движење“.
Портпаролот на Европската комисија Маргаритис Шинас застанал во одбрана на повикот на ЈУнкер до ЕУ за создавање на европска војска, наведувајќи дека Лисабонскиот договор овозможува здружување и поделба на националните ресурси.
Шинас рекол дека за ова прашање ќе стане збор на самитот на лидери на ЕУ во Брисел на 25 и 26 јуни.
