ИДЕЈАТА КОЈА МУ ДОНЕСЕ БОГАТСТВО И СЛАВА ЈА СМИСЛИЛ ВО АВИОН: Кој беше основачот на Ред Бул?
На 78-годишна возраст почина сопственикот на
највредната компанија од Австрија „Ред Бул“ Дитрих Матешиќ. Како што соопштија
од тимот на Матешиќ во Формула 1, тој починал по долго и тешко боледување.
Австрискиот милијардер остави неизбришлива трага во светот на спортот. Поседува фудбалски клубови, хокеарски тим, Формула 1 тим, а денес практично нема адреналински спорт кој не го носи префиксот на неговата компанија - Ред Бул.
Сè започна во раните 1980-ти, кога Матешиќ, на едно од неговите службени патувања во Југоисточна Азија, наишол на тајландскиот енергетски пијалок Кратинг Даенг (црвен бик) што го продавал претприемачот Чалео Јоовидја.
По тригодишна соработка, дуото ја лансираше првата лименка Ред Бул на австрискиот пазар во 1987 година. До неговата смрт тој поседувал 49 отсто од компанијата, додека остатокот е во рацете на неговите партнери од Тајланд. Денес, Ред Бул вработува 13.610 луѓе, а во 2021 година се продадени дури 9.804 милијарди лименки од енергетскиот пијалок, што е зголемување за 24,3 отсто во однос на 2020 година. Според Форбс, неговото богатство се проценува на 20 милијарди евра, што го рангира на 51. место на листата на Форбс.
Матешиќ во текот на животот се држеше настрана од медиумите и круговите на богатите и славните, но во 2017 година даде едно од ретките интервјуа за „Клајн цајтунг“ во кое жестоко ги критикуваше австриските и германските власти за нивната отворена имиграциона политика за време на бегалската криза во 2015. Поточно рече дека Австрија требало да ги затвори границите.
- Никој од луѓето што викаат „добредојдовте бегалци“ не ги подготвува собите за да ги угости - рече Матешиќ, кој ги критикуваше и меѓународните елити и политичката коректност.
Роден е во 1944 година во австриската покраина Штаерска во семејство со хрватско потекло, а по разводот на неговите родители израснал без татко.
Ниту во училиште не се снашол, а економија завршил дури после десет години. Пред да започне со бизнисот, тој продаваl детергенти за Unilever и пастите за заби Blendax. Никогаш не се оженил, но има син. Неговата резиденција била Fusch am See, а исто така e сопственик на островот Лаукала на Фиџи.
