ИДЕЈА ВО УНГАРИЈА: Свински глави на граница против бегалците
Унгарски политичар предизвика скандал со предлогот на граничните огради да бидат ставени свински глави, за да се плашат мигрантите од влегување во земјата, пишува британскиот весник The Daily Express.
Веќе беа ставени плашила направени од зеленчук, за да бидат во заблуда при пристигнување мигрантите дека оградите на границите се заштитени. Но, европратеникот Даорд Шопфлин е на мислење дека треба да се користи свинското месо кое е „харам", или кажано на друг начин - забрането од исламот. Смета дека главата на животното ќе ги држи муслиманските мигранти далеку од унгарската граница.
Во обид да се спротивстави на нелегалните мигранти, Унгарија постави ограда со бодликава жица долж границата со Србија минатата година. Поради миграциската криза во март 2015 година во земјата беше воведена вонредна состојба, а Владата се подготвува за референдум на 2 октомври, на кој ќе биде решено дали земјата ќе продолжи да прифаќа мигранти по задолжителната квота систем на ЕУ.
