Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

Русија размислува за формирање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд. 

Оваа земја ќе води дијалог со другите држави-членки на БРИКС за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Дека имаат таква намера, денеска потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој засега нема детали. 

„Ќе продолжиме да водиме дијалог со нашите партнери за ова“, рече Песков, според новинската агенција РИА.

Претходно денеска, заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев предложи да се испита можноста за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд. Медведев вели дека МКС извршил сериозни прекршувања на принципите на меѓународното право и покажал политичка пристрасност.

Тој рече и дека рускиот претседател Владимир Путин како шеф на суверена држава има апсолутен имунитет од кривична јурисдикција.

Инаку, БРИКС настојуваше да привлече што повеќе земји во блокот. 

Слично

Поврзани вести