Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идеалното сценарио за ФЕД

Идеалното сценарио за ФЕД
Веќе пишуваме кој е најголемиот страв кај инвеститорите во моментов на глобално ниво. Масовната операција за олабавување во некој момент мора да запре и сите се плашат дека може да се случи нагло и да предизвика голем раст на каматните стапки и пазарот на обврзници да се сруши, затоа што сите ќе сакаат да продадат и да избегаат во некои други активи. Со оглед на тоа дека се работи за масивен пазар, тоа може да предизвика огромни проблеми за целата економија. Сепак Бернанке се надева дека до тоа нема да дојде и дека таквата транзиција ќе се одвива постепено. Иако сега за разлика од 60-те години пазарот на обврзници е многу поголем и кризата исто така така, како и ризиците Бернанке се надева дека ќе биде повторено иделаното сценарио, кое засега делува дека оди во негова корист. Графикот кој следува, а е превземен од „Bank Of America“, ќе ви ја долови ситуацијата: Погледнетете ја десната слика и забележете како берзата тргнува нагло и значително побрзо пред да почнат да растат каматите на обрзниците. На тој начин инвеститорите нема потреба да брзаат да продаваат и да бркаат да купат акции, бидејќи тие од порано пораснале и на тој начин пазарот не се руши насилно. Како шлаг на тортата растот на каматите не предизвикал инфлација и работите останале под контрола. Денеска сме во првата фаза – берзата расте, што ќе се случи со обврзниците, веројатно ќе дознаеме некаде во 2013 година. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести