Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИД постави слики од нови погубувања на интернет

ИД постави слики од нови погубувања на интернет
Џихадистите на Исламската држава погубиле осум лица, од кои четворица се полициски службеници, во ирачката провинција Салахедин, а фотографиите од гнасниот чин ги поставиле на интернет. Седуммина од жртвите на себе имале портокалови одела слични на оние кои ги носеа новинарите и хуманитарните работници кои беа погубени од страна на екстремистите на ИД, пренесува агенцијата „АП“. Еден од жртвите во ова последно погубување не го исполнил ветувањето и престанал да соработува со ирачката влада, се вели во пораката прикачена под сликата која е поставена на интернет. Исламската држава зазеде огромни територии од Ирак и Сирија каде прогласи калифат. Во двете држави џихадистите погубиле илјадници лица, а голем дел од погубувањата биле снимени и потоа поставени на интернет.
Слично

Поврзани вести