ИД: Почнавме од Франција – следни се Британија и САД
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз и се закани дека Велика Британија и САД се следни на удар.
„Почнавме со операција во Франција, за која ја преземаме одговорноста. Утре ќе биде нова операција во Британија, Америка и во други земји“, рекол исламскиот свештеник и еден од лидерите на ИД, Абу Саад ал Ансари на проповед во ирачкиот град Мосул, кој е под контрола на Исламската држава, како што пренесува израелскиот весник „Хаарец“.
„Тоа е порака за сите земји кои учествуваат во коалициските напади предводени од САД и кои убија членови на Исламската држава“, се закани Ансари.
Истовремено, пензионираниот американски генерал, Томас Мекинерни, изјавил за „Фокс Њуз“ дека не мора со сигурност да се тврди дека ИД стои зад овие напади во Франција само затоа што Ал Ансари дал ваква изјава и дека постои можност ова движење да го користи нападот за пропагандни цели.
Слично
