Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИД планирала уште напади во Европа по нападите во Париз

ИД планирала уште напади во Европа по нападите во Париз

„Исламска држава“ планирала уште напади во Европа по нападите во Париз.

Teрористичната мрежа на „Исламска држава" (ИД) планирала по нападите во Париз во ноември 2015 година да изврши и други во уште неколку европски држави, објави CNN.

Телевизијата тврди дека добила илјадници страници документи и фотографии,  кои сведочат дека ИД има планови за напади во светот. Документите даваат нови податоци за двајца уапсени осомничени кои  планирале да извршат напади во Франција.

Извори посочија пред CNN дека борците на ИД очекуваат наредби од своите водачи во Сирија.

Според телевизијата документите од околу 90.000 страници, повеќето на француски јазик, содржат протоколи од испрашувањата, истражни заклучоци и податоци од мобилни телефони за активностите на единицата за надворешни операции на ИД, позната под името „Амн ал Харџи".

Слично

Поврзани вести